Херојот на Турција, Мерих Демирал, кој беше двоен стрелец во победата на својата селекција против Австрија за место во четвртфинале на ЕВРО 2024 се соочува со суспензија од УЕФА, поради испратени политички пораки при прославата на головите.
Демирал головите ги прослави со симболот на „Сивите волци“, што дел од европските земји го толкуваат како терористички гест
„Сивите волци“ веруваат во супериорноста на „турската раса“ и се залагаат за обединување на сите турски народи во една држава од Балканот преку Централна Азија до Кина. Токму поради тоа и германската министерка за внатрешни работи, Ненси Фајзер реагираше на прослава на голот на турскиот дефанзивец.
„Симболите на турските десничарски екстремисти немаат место на нашите стадиони. Очекуваме дека УЕФА ќе го истражи овој случај и ќе го покрене постапка за санкции“ – рече Фајзер.
Но, Демирал не гледа никаков проблем во сето тоа.
„Начинот на прослава е поврзан само со мојот турски идентитет. Видов луѓе на стадионот со истиот гест и само го повторив без никакви скриени намери. Сите сме Турци, јас сум многу горд што сум Турчин. Тоа е смислата на сè. Само сакав да покажам колку сум среќен“ – рече Демирал.
Ich kann und werde hierzu nicht schweigen. Seit Jahren bekomme ich von Anhängern der #GrauenWölfe, einer der größten rechtsextremen Gruppen in 🇩🇪Morddrohungen. Dass Merih Demiral hier den rechtsextremen Wolfsgruß zeigt, ist eine Verhöhnung der Opfer. So bitter für die 🇹🇷 Fans. pic.twitter.com/MOp4Sed7Wt
— Düzen Tekkal (@DuezenTekkal) July 2, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА