Хрватскиот интернационалец Иван Чупиќ, кој му ја донесе првата европска титула на Вардар во сезоната 16/17, објави дека на крајот на сезоната ќе се пензионира.
Тоа одлука не е големо изненадување, но неговиот меч против Монпеље во дресот на Загреб во ЛШ беше последниот на меѓународна сцена.
Чупиќ ќе остане запаметен по голот кој го постигна во финалето против ПСЖ на три секунди до крајот, кој ја донесе првата титула на Вардар. Како изгледаше тој момент, потсетете се низ следното видео:
Чупиќ освен во Вардар, играше и за Метковиќ, Медвешчак, Октавио Виго, Рајн Некар Левен, Киелце. Во Вардар помина пет години, а потоа ја освои и титулата во ЛШ и во сезоната 2018/19.
Освен него, уште еден поранешен ракометар објави дека заминува во пензија. Станува збор за Хозе Канељас, кој исто така објави дека ќе прекине со играњето ракомет по крајот на сезоната.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА