Серхио Роберто цела сезона ја игра како десен бек, позиција што е неприродна за него, па по бројните грешки следеа и многу критки на негова адреса. Сепак, тоа сега е минато – Роберто е новиот херој на каталонците, а неговиот гол против ПСЖ е нешто за што ќе се раскажува уште долго, за комплетирање на најголемиот камбек во историјата на европските купов.
„По Париз сите велеа дека сме пропаднати, но ние верувавме во себе. Овој тим е предодреден за големи работи, за вакви историски резултати. Што да кажам за голот, само се фрлив, не го ни видов голманот. Кога забележав дека топката заврши во мрежата полудев од среќа, како и сите на стадионот. Целиот тим заврши неверојатна работа, ова е тимска победа“ – изјави Роберто.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА