Херојски чин на фудбалер на Сампдорија: Спасил жена која била избодена со нож

Италијанскиот фудбалер Алесандро Белемо, играч од средниот ред на Сампдорија и поранешен капитен на тимот на Комо, стана херој далеку од фудбалскиот терен. Додека престојуваше во родната Киоџа во близина на Венеција , 30-годишниот играч од средниот ред реагираше инстинктивно и го спаси животот на туристка, која беше брутално нападната со нож.

Жртвата, 34-годишна Полјачка, претрпела ужасен напад во кој била избодена повеќе од десетина пати по телото. И покрај сериозните повреди, таа успеала да остане свесна доволно долго за да побара помош. Тогаш Белемо и неговиот брат Стефано слушнале очајнички крици.

„Слушнавме вресок и веднаш истрчавме. Жената беше покриена со крв, со повреди на главата, рацете и вратот. Братот Алесандро рече дека моравме да ја внесеме внатре и да ѝ помогнеме додека не пристигне брзата помош“, изјави Стефано за „Кориере дела Сера“.

Браќата ја однеле во блиската куќа и се обиделе да ја држат будна додека не пристигнале службите за итни случаи. Лекарите успеале да ја стабилизираат по пристигнувањето, а жената сега се опоравува во болница и е надвор од животна опасност.

Италијанските медиуми јавуваат дека помогнале и неколку минувачи, но брзата реакција на фудбалерот и неговиот брат била клучна за жената да го преживее нападот.

Се вчитува...