Херојски подвиг на Елче за реми со Реал Мадрид

Елче успеа да стигне до сензационален бод против фаворизираниот Реал Мадрид ремизирајќи со 2-2 во 13. коло.

Фебас го отвори натпреварот со гол во 53. минута од средбата, а предноста на домаќините траеше до 78. минута кога Хујсен изедначи на 1-1. Елче се врати во водство со голот на Родригез во 84. минута, но славјето траеше само три минути пред Белингем да донесе ново изедначување.

На самиот крај на натпреварот Елче остана и со фудбалер помалку по вториот жолт картон на Хуст, но „кралевите“ не успеаја да ја искористат предноста.

Новото реми на Реал Мадрид дополнително ја намали предноста пред Барселона на врвот на табелата, но и понатаму „кралевите“ остануваат на врвот со само бод предност. Елче пак со 16 бодови е на 11. место на табелата.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...