Златан Ибрахимовиќ на крајот од овој месец станува слободен играч откако и официјално беше објавено дека тој нема да го продолжи актуелниот договор со Манчестер јунајтед. Иако е повреден, до шведскиот ас стигнуваат бројни понуди, но најоригинална и најискрена дефинитивно е онаа од Херта.
Берлинскиот клуб е свесен дека воопшто не е финансиски моќен за да се носи со останатите екипи кои се заинтересирани за Ибракадабра, но сепак преку својот официјален твитер-профил испрати отворена покана до еден од најдобрите голгетери на денешницата.
„Без договор во Манчестер јунајтед, имаме извонредни навивачи, но се уште сме без пари: СЕПАК, МОЖЕШ ДА ЈА ОСВОИШ БУНДЕС-ЛИГАТА ЗА ПРВ ПАТ. РАЗМИСЛИ ЗА ТОА“ – му порачаа челниците на Херта на Златан Ибрахимовиќ.
No contract at @ManUtd – we’ve great fans, but still no cash: BUT YOU CAN WIN @bundesliga_de for 1st time ? Think about it @Ibra_official pic.twitter.com/4mx0rEmMXr
— Hertha BSC (@HerthaBSC) June 9, 2017
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА