Германскиот клуб Херта сака да го врати Џулијан Дракслер во Бундес-лигата. Раководството на тимот од Берлин планира да доведе неколку нови засилувања во зимскиот преоден рок, а тренерот Јирген Клинсман смета дека Дракслер би бил одлично решение за освежување и зголемување на квалитетот во средниот ред.
Херта е подготвена да плати 30 милиони евра за овој трансфер, но ќе треба и Дракслер да се сложи на големо намалување на платата. Во ПСЖ тој заработува 7,2 милиони евра по сезона, а Херта не може да му понуди повеќе од 4,5 милиони евра годишно.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА