Во последните два трансфер периоди Херта потроши речиси 150 милиони евра на засилувања. Во Берлин пристигнаа играчи како Лук Тусар и Криштофс Пјонтек, а новиот газда на клубот, Ларс Виндхорст не планира да застане тука, па на мета на „сино-белите“ сега се Џулијан Дракслер и Папу Гомез.
За Германецот постои голем интерес од Арсенал и Баер Леверкузен, но договорот на 27-годишникот истекува на крајот на сезоната, па без плаќње на обесштетување на ПСЖ, берлинскиот состав ќе може да ги примами Дракслер да се врати во родната земја, нудејќи му озбилна плата. Папу Гомез заминува од Аталанта, но јасно стави дознаење дека сака да премие во редовите на амбициозен клуб. Италијанскиот состав нема да го пушти во конкурентна екипа, а шансата на клубот од Берлин е баш во овој поглед.
Целта на Херта за оваа сезона беше излез во Европа, а веќе во следната борба за место во Лигата на Шампионите, но планот на берлинскиот клуб не се одвива по зацртаната цел. Старата дама на германскиот фудбал по последните четири натпревари забележа три пораза и се наоѓа во долниот дел на табелата, но ни тоа не ги пореметува плановите на богатиот Германец кој сака од Херта да направи нов германски гигант.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

