Херта преку Аугзбург до првата победа во Бундеслигата

Херта дојде до првиот триумф сезонава во Бундеслигата, откако денеска го совлада тимот на Аугзбург на гостински терен со 0-2.

Лукебакио во 57. минута донесе водство за тимот Берлин, а гостинскиот тим пропушти уште неколку шанси за поубедлива предност пред крајот. Во судиското надополнување Ритер успеа да ги постави конечните 0-2.

Херта со оваа победа избега од опасната зона и го освои четвртиот бод, додека Аугзбург остана со три на 15. позиција на табелата.

Се вчитува...