Хесус полуде, ја турна ВАР-кабината, па плачеше на скалите (видео)

Габриел Хесус одигра извонредно прво полувреме и со асистенција и гол го трасираше патот на Бразил до трофејот на Копа Америка. Асот на Манчестер Сити не можеше да се смири откако судијата во 70. минута му покажа црвен картон, сериозна опасност Хесус од херој да се претвори во трагичар на својата репрезентација.

Тој полуде од бес, најпрвин на излегување од теренот ја турна ВАР-кабината, а потоа не сакаше да влезе во соблекувалната, останувајќи на скалите и плачејќи.

За негова среќа, Бразил на крајот триумфираше со 3-1, па Хесус се врати на теренот за прославата на освоениот трофеј.

Се вчитува...