Хет-трик, два големи пресврти: Волфсбург и Фрајбург одиграа „7+“

Волфсбург и Фрајбург одиграа фантастичен натпревар проследен со хет-трик и два целосно пресврти во 15. коло од Бундеслигата кој заврши со резултат 3-4.

Голеадата ја започна Тру со гол во 5. минута за гостинско водство по што следеше изедначување од страна на Пејчиновиќ во 13. минута. Пејчиновиќ комплетираше пресврт со својот втор гол во 49. минута за 2-1, но веќе во 56. минута Грифо изедначи на 2-2 од белата точка.

Фудбалерот со балканско потекло го комплетираше хет-трикот во 69. минута за ново водство на Волфсбург, но следеше нова офанзива на Фрајбург од 71. до 78. минута. Автоголот на Селт донесе ново изедначување на средбата, а новиот пресврт го комплетираше Шерхант.

Во останатите натпревари:

Келн – Унион Берлин 0-1
Аусбург – Вердер 0-0
ХСВ – Ајнтрахт Франкфурт 1-1
Штутгарт – Хофенхајм 0-0

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...