Хет-трик на Бирет, доминантниот Монако броеше до седум

Монако им се врати на победите во француското првенство откако во 22. коло забележа доминантна победа на Нант славејќи со 7-1.

Интересно, гостите беа оние кои поведоа со голот на Аблин во 4. минута од средбата, но само четири минути подоцна останаа со фудбалер помалку по црвениот картон на Коза.

Предноста на Нант остана на семафорот до 44. минута кога Бирет изедначи на 1-1, а само минута подоцна Минамино донесе целосен преврт.

Второто полувреме помина целосно во знакот на домаќините кои во 49. минута стигнаа до 3-1 со голот на Бен Сегхер, Бирет во 54. минута стрелаше за 4-1, а во 64. минута преку пенал го комплетираше хет-трикот. Последните два гола беа дело на Иленикхена кој стрелаше во 81. и 95. минута.

Се вчитува...