Пари Сен Жермен на убедлив начин се пласира во четвртфиналето на Купот на Франција, откако вечерва како гостин го совлада Сошо со 1-4. Аргентинецот Анхел ди Марија постигна хет – трик, а во листата на стрелците за „светците“ се запиша и Единсон Кавани. Единствениот погодок за Сошо беше дело на Флориан Мартин.
Пред самиот крај, голманот на ПСЖ, Кевин Трап, заработи црвен картон и исклучување, но тоа немаше голем удел во конечниот исход, иако на голот застана – Дани Алвеш…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА