Рома влезе во нова победничка серија во италијанското првенство откако во 26. коло славеше на домашен терен со 3-2 против Торино во натпревар во кој хет-трик постигна Паоло Дибала.
Аргентинецот од пенал во 42. минута донесе предност за Рома, но славјето траеше само две минути бидејќи Запата изедначи на 1-1 во 44. минута. Овој резултат остана на семефорот се до 58. минута кога Дибала одново ја затресе мрежата, а во 69. минута го комплетираше и хет-трикот.
Поразот на Торино го ублажи Хуијсен кој постигна автогол во 89. минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА