Манчестер Сити се доближи до првата позиција во Премиерлигата откако во натпреварот од 23. коло славеше на гостувањето кај Брентфорд со 1-3 по целосен пресврт.
Домаќините поведоа преку Маупај во 21. минута, но за Брентфорд да не замине на полувремето со позитива се погрижи Фоден кој во третата минута од судиското продолжение ја затресе мрежата за 1-1.
Фоден се погрижи и за целосен пресврт во 53. минута, а потоа и ги завери трите бода на својот тим со гол во 70. минута комплетирајќи го хет-трикот.
FULL-TIME | A @PhilFoden hat-trick secures the W 🩵
🐝 1-3 🩵 #ManCity | @okx pic.twitter.com/COhMiNcycY
— Manchester City (@ManCity) February 5, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА