Хет – трик на Хери Кејн, Англичаните ја здробија Панама

Фудбалската репрезентација на Англија на убедлив начин се пласира во осминафиналето на Светското првенство, откако ја совлада Панама со 6-1. Со тоа се израмни и со бодови (шест), и со гол – разлика (8-2) со селекцијата на Белгија, против која и ќе и ги одмери силите во третото коло од групата Г. Капитенот на гордиот Албион, Хари Кејн, беше стрелец на хет – трик и стана само третиот Англичанец на кого тоа му успеало на мундијалски меч, по Џеф Хрст и Гери Линекер.

Англичаните тргнаа фуриозно и постигнаа пет гола во првото полувреме. Џон Стоунс со удар со глава по корнерот од десната страна го отвори резултатот во осмата минута, а Хари Кејн зголеми на 2-0 од пенал во 22.минута. Џес Лингард беше стрелец на третиот погодок, а потоа повторно Џон Стоунс ја затресе противничката мрежа.

Пред самиот крај на првото полувреме Хари Кејн уште еднаш реализираше од белата точка.

Во 62.минута, по шутот на Лофтус-Чик, топката удри во капитенот Хари Кејн, го смени правецот и заврши во мрежата, а тој стигна до хет – трик. Панама почесниот гол го постигна преку Фелипе Балој во 78.минута од мечот.

Се вчитува...