Хет-трик на Кејн, Баерн со шест гола за Холштејн Кил… (ВИДЕО)

Баерн Минхен без апсолутно никакви проблеми дојде до победа од 1-6 на гостувањето против Холштејн Кил во 3. коло од Бундеслигата.

Баварците дојдоа и до третата своја победа на стартот од сезоната, овој пат најавена уште во 1. минута со голот на Мусиала.

До полувремето, веќе беше 0-4, со головите на Хари Кејн во 7. минута, автоголот на Ремберг во 13. минута и вториот гол на Кејн во 43. минута.

Во вториот дел, Олисе во 65. минута зголеми на 0-5, Гиговиќ во финишот само постигна почесен гол за домашните, а Кејн од пенал во 91. минута затвори со свој хет-трик.

Се вчитува...