Хет-трик на Левандовски за триумф на Барселона со Селта (ВИДЕО)

Барселона дојде до посакувана победа на гостувањето против Селта во Виго со 2-4 благодарение на хет-трикот на Роберт Левандовски во 12. коло од Ла Лига.

Каталонскиот тим се мачеше во првото полувреме против расположените домашни фудбалери, иако Левандовски уште во 10. минута од пенал донесе предност од 0-1.

Но, Кареира веќе во следната минута израмни за Селта, за да Левандовски во 37. минута стрела и за 1-2.

Иглесиас во 43. минута со прекрасен погодок повторно израмнува за домашните, но сега Ламине Јамал во четвртата минута од судиското продолжение на првото полувреме носи предност и од 2-3 за Каталонците.

Во второто полувреме, Левандовски во 74. минута заокружува со хет-трик за конечни 2-4.

Се вчитува...