„Хет-трик“ на Мален, Рома лесно преку Пиза (ВИДЕО)

Благодарение на трите гола на Донјел Мален, Рома ја совлада Пиза со 3-0, и ги задржа шансите за пласман во Лигата на шампионите идната сезона.

Првиот гол Холанѓанецот го постигна уште во 3. минута и ја  најави победата на својот тим. Во 43. минута Мален го постигна вториот погодок.

Во вториот дел одново Мален, во 52. минута го комплетираше својот „хет-трик“ и стави точка на победата на Рома.

Се вчитува...