Силекс убедливо триумфираше против АП Брера со 4-0 во 2. коло од Првата македонска фудбалска лига.
Домашните по само 20 минути дојдоа до 2-0 против АП Брера во Кратово. Одлична игра на домашните кои го изненадија фаворизираниот противник благодарение на хет-трикот на Марко Ѓорѓиевски.
Уште во 7. минута Дарко Додев со глава одлично погоди за водство на Силекс од 1-0.
А, потоа се беше во знакот на Ѓорѓиевски кој веќе во 20. минута од непосредна близина со глава погоди за 2-0.
Марко Ѓорѓиевски не застана само на тој гол. Па, само што почна второто полувреме во 46. минута зголеми и на 3-0.
А, во 71. минута Ѓорѓиоски заокружи со хет-трик за конечни 4-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА