Мартин Делев триумфираше и на третата сезонска трка на TWINGO CUP, што се одржа денеска на Водно во Скопје.
Откако два пати беше најбрз на кружните трки на патеката во Кичево, Делев денеска се докажа и на ридската патека. Тој го освои првото место со вкупно време на двете трки од 5:36,64 минути, додека зад него финишираше Емил Нацка (5:38,11 минути), а на подиумот како третопласиран се искачи и Слободан Трајковски (5:39,20 минути).
Од четвртото до осмо место се пласираа Давид Малинковски, Владимир Тренески, Сашо Кочовски, Никола Тоневски и Ненад Костовски, додека пак Ангелче Стојковски не ја заврши трката.
Следната трка на TWINGO CUP е закажана на 1 – ви Септември во Белград (Ушче).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА