Хет-трик на Мартинели, Арсенал убедливо преку Портсмут до 1/16-финалето на ФА Купот (ВИДЕО)

Арсенал се пласираше до 1/16-финалето на ФА Купот откако убедливо со 1-4 триумфираше на гостувањето против Портсмут.

Домашните први поведоа со голот на Бишоп уште во 3. минута, а потоа се беше во знакот на „топџиите“.

Најпрво, Доцел со автогол во 8. минута му помогна на Арсенал да израмни, а потоа следеа три гола на Мартинели во 25. минута, во 51. минута и во 72. минута за конечни 1-4.

Се вчитува...