Барселона експресно се опорави од поразот од Леванте во минатото коло и со убедлив триумф над Селта (4-1) го сочува врвот на табелата со 25 бода, идентично како и второпласираниот Реал Мадрид, но со подобра гол – разлика. Аргентинскиот волшебник Лионел Меси имаше ново шоу на „Камп Ноу“.
Тој од пенал го доведе каталонскиот тим во водство во 23.минута, а пред крајот на првиот дел Лукас Олаза израмни од слободен удар. Сепак, потоа следеше шоуто на Меси кој со прекрасни голови од слободен удар ја донесе победата. Конечниот епилог го постави Серхио Бускетс во 85.минута од мечот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА