„Хет-трик“ на Мората, Шпанија помина како „фурија“ во Грузија (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Шпанија стигна до втората победа во квалификациите за пласман на Европското првенство 2024 година во Германија, откако славеше на гостувањето кај Грузија со убедливи 1-7.

Шпанците сите дилеми околу победникот ги решија уште во првото полувреме кое го добија со убедливи 0-4, а стрелци на погодоците за „црвената фурија“ беа Мората на два пати, Олмо и автоголот на Квикрвелија.

Во второто полувреме Чакветадзе во 49. минута намали на 1-4. Мората со својот хет-трик во 66. минута зголеми на 1-5, а само три минути подоцна беше 1-6 со погодокот на Вилијамс. Конечните 1-7 беа дело на Јамал во 74. минута.

Georgia 1 – [6] Spain – Nico Williams 68'
byu/PSGCampus insoccer

 

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...