Екипите на Аугсбург, Штутгарт и Хановер славеа победи во попладневните натпревари од 18. коло во германската Бундеслига.
Аугсубург пред своите навивачи славеше со 1-0 против Хамбургер, благодарение на голот на Јужнокореецот Ку Ја-Чеол, а Штутгарт со истиот резултат, со автоголот на Штарк, ја победи Херта.
Во најефикасниот меч, Хановер беше подобар од Мајнц победувајќи со 3-2 со хет-трикот на Никлас Фалкруг. Мајнц имаа о-2 до 33. минута, но потоа следеа три гола на Фалкруг, два во првото и еден во второто полувреме, за конечна победа.
Ајнтрахт Франкфурт пропушти можност за триумф против Фрајбург. И покрај водството по првото полувреме со голот на Халер, во вториот дел гостите со голот на Кох во 51. минута дојдоа до конечните 1-1.
РЕЗУЛТАТИ – 18. КОЛО
Аугсбург – Хамбургер 1-0
Ајнтрахт Ф. – Фрајбург 1-1
Хановер – Мајнц 3-2
Штутгарт – Херта 1-0
Вердер – Хофенхајм 1-1
Лајпциг – Шалке 04 (18:30 ч.)
ТАБЕЛА: Баерн Минхен 44 бода, Шалке (-1) 30, Борусија Д.(-1) 28, Баер Л. 28, Лајпциг(-1) 28, Борусија М.(-1) 28, Хофенхајм 27,…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА