Извонредна партија на Еди Нкетиа кој со хет-трик донесе убедлив триумф од 5-0 на Арсенал над „фенерџијата“ Шефилд јунајтед во 10. коло од Премиерлигата.
„Топчиите“ победата ја најавија во 28. минута кога Нкетиа ја почна својата серија.
Потоа продолжи во второто полувреме, со головите во 51. минута и во 58. минута за 3-0. Во 88. минута Виеира од пенал зголеми и на 4-0, а Томијаси во седмата минута од судиското продолжение ги постави конечните 5-0.
Бурнмаут, пак, со пресврт славеше против Барнли со 2-1. Барнли поведе во 11. минута, за да потоа Семенјо во 22. минута и Билинг во 76. минута донесат триумф за домашните.
Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов се уште не е во комбинација за настап во првиот тим на Барнли.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

