Хет-трик на Стeрлинг, Сити го „здроби“ Норвич за силен чекор кон титула… (ВИДЕО)

Манчестер сити сосема очекувано славеше убедлива победа од 0-4 против Норвич во 25. коло од Премиерлигата, по која веќе цврсто чекори кон титулата оваа сезона.

„Граѓаните“ победата ја најавија со голот на Стерлинг во 31. минута од средбата кој до крајот на дуелот дојде до хет-трик со уште два погодоци. Единствено погоди уште Фоден во 48. минута од средбата за 0-2 во тие моменти.

Манчестер сити со оваа победа е убедливо на врвот од табелата во Премиерлигата со 63 бода, цели 12 бода повеќе од второпласираниот Ливерпул кој има и два натпревари помалку.

Се вчитува...