Реал Мадрид им се врати на победите забележувајќи го најубедливиот триумф во сезоната. Во 13. коло од Ла Лига на „Сантијаго Бернабеу“ беше прегазена Осасуна со 4-0.
Голеадата ја започна Винисиус Џуниор во 34. минута, а во 42. минута стрелаше и Белингхем. На асистенција на голманот Лунин, Винисиус Џуниор ја зголеми предноста на својот тим во 61. минута, а осум минути подоцна стигна и до својот хет-трик, по трет пат совладувајќи го голманот Херера.
Ова е осмата победа на Реал Мадрид во шпанското првенство со која ја задржа предноста во однос на Атлетико Мадрид на третата позиција на табелата и го продолжи чекорот со Барселона за лидерската позиција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА