Италијанската скијачка Софија Гоџија стигна и до третата победа во канадскиот ски-центар Лејк Луис. По двата спуста, таа денеска беше најдобра и на супервелеслаломската трка стигајќи до победата со време од 1:18.28.
Второто место и припадна на легендарната швајцарска скијачка, Лара Гут Бехрами која доцнеше 11 стоти делови од секундата зад времето на победничката.
Подиумот го надополни Мирјам Пучнер од Австрија со задоцнување од 44 стотинки зад победничкото време.
Следната недела дамите се селат во швајцарски Сент Мориц каде на програмата се два натпревари во супервелеслалом.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА