Хетафе ја продлабочи кризата на Валенсија

Валенсија го загуби петтиот натпревар во низа во шпанското првенство откако во 22. коло загуби на гостински терен кај Хетафе со 1-0. Стрелецот на победоносниот гол беше Мајорал кој ја затресе мрежата во 87. минута.

Валенсија 36 години е дел од елитниот шпански фудбал, но делува дека оваа година ќе биде ставен крај на неверојатната низа. Сега клубот е на 19. место на табелата со 20 освоени бода, два помалку од зоната која води до опстанок, исто колку што има и Хетафе.


Standings provided by Sofascore

Се вчитува...