Шпанскиот клуб Хетафе не сака да патува за Италија каде в четврток треба да го одигра првиот дуел против Интер во нокаут фазата од Лигата на Европа. Шпанците сметаат дека патувањето на Апенините е преголем ризик за здравјето на фудбалерите и побара од УЕФА да ја одложи или да ја откаже оваа средба. Постои и солуција во последен момент мечот да се игра на неутрален терен, надвор од Италија.
„Не патуваме за Италија на мечот против Интер. Има некои работи кои се поважни од фудбалот, а тоа е нашето здравје. Ја очекуваме конечната одлука на УЕФА за овој натпревар, но ние категорично одбиваме да летаме за Италија. Немаме страв, туку тоа е едноставно знак на одговорност која мора сите да ја покажеме“, изјави претседателот на Хетафе, Анхел Торес.
УЕФА не ги одложи натпреварите од Лигата на шампионите, дел од нив (ќе) се играат без присуство на гледачи на трибините, но засега нема ниту еден натпревар на италијанско тло откако земјата донесе строги мерки за безбедност поради коронавирусот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА