Хезоња доби суспензија од Евролигата

Хрватскиот кошаркар и член на Реал Мадрид, Марио Хезоња  е суспендиран на еден натпревар и казнет со 5.000 евра поради непочитување на судиите на натпреварот против Монако пред пет дена, објави раководството на Евролигата.

Поради ова Хезоња нема да игра во четврток против Фенербахче во Истанбул. Евролигата се повика на член од дисциплинскиот правилни и извести дека кошаркарот може да се жали на одлуката.

Во 24. коло од Евролигата, Реал Мадрид загуби со 73-77 на гостувањето кај Монако, а Хезоња беше исклучен поради две технички грешки на шест минути пред крајот на натпреварот.

Се вчитува...