Марио Хезоња даде значаен придонес во новата титула на Реал Мадрид во АЦБ-лигата, а по синоќешниот трет триумф над Мурсија хрватскиот репрезенативец јасно стави до знаење и каде планира да игра наредната сезона.
Тој беше поврзуван со мегатрансфер во Панатинаикос, додека Партизан исто така покажуваше сериозен интерес да го доведе Хрватот во своите редови. Сепак, Хезоња на прославата на новата титула најави дека е подготвен да потпише нов договор со Реал Мадрид.
„Горд сум на овој трофеј и на се што освоивме сезонава, но како личност јас сум перфекционист и ќе продолжам да жалам за пехарот што го испуштивме. Тоа ќе биде само мотив повеќе да продолжиме да работиме и да освоиме уште многу пехари заедно. Дали ова што го кажав значи дека ќе останам? Да, сега сезоната заврши и треба да се доврши административниот дел, но јас останувам во Реал. Овој клуб ме дочека со раширени раце кога за мене се зборуваа само лоши работи, јас тоа никогаш нема да го заборавам“, изјави Хезоња.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА