Хезоња предизвика непотребен инцидент на пријателски меч… (ВИДЕО)

Одличен предсезонски натпревар одиграа Реал Мадрид и Монако кој на крајот со звукот на сирената заврши со победа на „кралевите“ од 77-75.

Габриел Дек со последниот шут го реши мечот, иако херој кај Реал Мадрид беше Џанан Муса со 19 поени.

Мечот, сепак, го одбележа нервозниот Марио Хезоња кој беше исклучен од натпреварот. Кон средината на последната четвртина Хезоња по еден влез под кош бараше прекршок, а откако не го доби почна да протестира. Судијата веднаш му покажа техничка грешка. Тоа силно го изреволтира хрватскиот кошаркар кој тргна и физички да се пресмета со судијата… Тука беше крај за него, затоа што доби исклучување од натпреварот…

Се вчитува...