Хезоњa: Можеме да бидеме најдобриот тим во историјата на европската кошарка

Реал Мадрид има сезона за восхит во која досега забележа 31 победа и само три порази вклучувајќи ја Евролигата и шпанското првенство со што „кралскиот“ клуб е на врвот на табелата во двете натпреварувања.

А, кошаркарот кој го одбележа месец декември во најсилното европско натпреварување и ја освои МВП наградата, Марио Хезоња смета дека овој Реал Мадрид може да стане најдобриот тим во историјата.

„Во секој натпревар влегуваме со почит кон противникот и одиме на победа. Ќе видиме како ќе одиграме до почетокот на плеј-офот, а потоа и на „фајнл-фор“ турнирот. Сакаме да ја освоиме титулата. Кога си во овој тим секогаш сакаш да постигнеш повеќе. Жедта за победи е секогаш присутна, таков е менталитетот тука“, изјави Хрватот кој потоа говореше и за иднината.

„Ако успееме да ги задржиме главните играчи тука мислам дека можеме да говориме за иднината и за најдобриот тим во историјата на Евролигата. Знам дека можеме да бидеме уште подобри од ова“.

Се вчитува...