Барселона славеше со убедливи 75-88 на гостувањето против ЦСКА Москва, во дуелот во водечките екипи на евролигашката табела. Кори Хигинс беше човекот на одлука за каталонскиот гигант, американскиот бек одигра извонредно против својот поранешен клуб и со 25 поени беше најефикасен на натпреварот. Абринес погоди пет тројки за вкупно 19 поени за Барселона, која и на овој меч беше без помошта на Никола Миротиќ. Најпрецизен во таборот на ЦСКА вообичаено беше Мајк Џејмс со 18 пред Милутинов со 15 поени.
Фенербахче дефинитивно влегува во посакуваниот ритам откако избраниците на Кокошков ја забележаа и петтата евролигашка победаа во низа, овојпат на домашен терен против Панатинаикос со убедливи 100-74. Гудуриќ ги предводеше стрелците со 18 поени, по 15 постигнаа Браун и Улановас, додека најефикасен кај Панатинаикос беше Вајт со 13 поени, а целосно потфрли Недовиќ, постигнувајќи шест поени со шут од поле 1/9.
Зенит уште еднаш покажа зошто е најпријатно изненадување во Евролигата сезонава, славејќи над Жалгирис со убедливи 77-65. Мечот беше израмнет се до 27. минута, за рускиот тим пред крајот на третиот период да се одлепи, за потоа во последната четвртина да стигна и до двоцифрена победа. Гудаитис и Понитка со по 15 поени беа најефикасни во редовите на Зенит, за кого ова беше четврта победа во последните пет евролигашки кола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА