Хименез доволен за триумф на Фулам

Фулам влезе во победничка низа во Премиерлигата откако во 17. коло на домашен терен го совлада Нотингем Форест со минимални 1-0.

Хименез во петтата минута од судиското продолжение на првото полувреме беше успешен од белата точка за предност од 1-0, резултат кој остана на семафорот до крајот на средбата.

Овој триумф го искачи Фулам на 13. место на табелата со 23 освоени бодови, додека Нотингем Форест останува на 17. позиција со 18 бодови.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...