Фудбалската репрезентација на Мексико ја освои Лигата на Нации во КОНКАФ конференцијата совладувајќи ја Панама со 2-1 со што стана втората репрезентацијата по онаа на Соединетите американски држави која запиша ваков успех.
САД беа шампиони во последните три години, но овој пат беа поразени од Панама во полуфиналето.
Мексико до триумф го предводеше Раул Хименез кој ја тресеше мрежата во 8. и 92. минута кога реализираше од белата точка. И Панама постигна гол од пенал, во судиското продолжение од првото полувреме кога успешен беше Караскиља.
MEXICO WIN THE 2025 CONCACAF NATIONS LEAGUE
pic.twitter.com/YMWPz55W1C
— B/R Football (@brfootball) March 24, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА