Хименез ќе игра за Атлетико Мадрид до 2028 година

Одбранбениот играч на Алтетико, Хосе Хименез, потпиша нов договор со Атлетико Мадрид. Информацијата беше потврдена од клубот, а новиот договор на 28-годишниот уругвајски репрезентативец е до летото 2028 година.

Хименез е дел од Атлетико веќе 10 години, и ако го исполни целиот договор, тогаш ќе биде дел од „јорганџиите“ цели 15 години. Оваа сезона има одиграно пет натпревари во сите натпреварувања.

Се вчитува...