Првата ѕвезда на Химки и ланскиот најдбар стрелец во Евролигата, рускиот репрезетативец, Алексеј Шевд ќе се врати на паркетот в четврток кога неговиот тим се среќава со Армани во дуел од 24 коло во елитното кошаркарско натпреварување.
Поради повреда, Швед остсустувше уште од крајот на ноември, во Евролига сезонава има одиграно само осум натпревари, а Химки е дури на 12. место на табелата што е далеку послаб резултат од ланскиот пласман во четвртфиналето.
Алексеј Швед има 30 години, во успешната кариера пред Химки играшеза ЦСКА и Динамо Москва, Минесота, Филаделфија, Хјустон и Њујорк. Во Химки дојде во 2015 година, во 2017 беше најкорисен играч на Еврокупот.
Он возвращается! / @Shved23 is back! @EuroLeague @VTBUL pic.twitter.com/cZST8duW0q
— BC Khimki (@Khimkibasket) February 25, 2019
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА