Кошаркарите на Химки ја запишаа и шестата победа во 8. коло од Евролигата славејќи пред своите навивачи против Армани Милано со 87-79.
Русите до триумфот стигнаа благодарение на извонредно одиграното второ полувреме кога беше направена и пресврт разликата за победа против италијанскиот состав. По првото полувреме Армани имаше предност од 47-51, но во вториот дел се разигра Алексеј Швед кој го понесе тимот до конечната победа.
Швед мечот го заврши со 24 постигнати поени дополнети и со седум асистенции, а Јеребко имаше 19 поени. Во поразениот состав Мајкл Рол натпреварот го заврши со 14 постигнати поени.
По оваа победа Химки со шест победи и два порази се израмни на втората позиција на табелата со Армани, а водечка е Барселона со шест победи, но од седум одиграни натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА