Неверојатна трка ни донесе машкиот спуст во норвешкиот Квитфил во сезоната во Светскиот куп во алпско скијање. На крајот победата ја поделија Швајцарецот, Нилс Хинтерман и Канаѓанецот Камерон Александер.
Двајцата алпски скијачи до победата стигнаа со време од 1:44.42 минута. За Швајцарецот ова е втора победа во светскиот куп во кариерата, откако претходно славеше и на комбинацијата во Венген во 2017 година. За Канаѓанецот Александер ова е убедливо најдобриот настап во кариерата, откако за првпат се најде и на победничкиот подиум.
Третото место му припадна на Австриецот, Матијас Мајер кој доцнеше 12 стоти делови зад времето на победниците.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА