Светската шампионка на 800 метри, Кастер Семења, реши да не се натпреварува на претстојното Светско првнество во Доха бидејќи не сака да го почитува правилото за намалување на нивото на тестостерон што го воведе ИААФ. Претседателот на Светската федерација, Себастијан Коу, и порача дека е добредојдена во атлетскиот свет, но само под новата регулатива. Семења дури и потпиша договор со фудбалски клуб и најави дека ќе ја продолжи правната битка со ИААФ.
Од друга страна, најбрзиот спринтер годинава, Американецот Крис Колман кој во 12 месеци пропушти три допинг контроли ќе има право да се натпреварува во Доха. ВАДА реши да не ја спроведува постапката против него.
ВАДА и препорача на американската анти-допинг агенција да го повлече обвинението кое инаку автоматски повлекува едногодишна суспензија. Објаснувањето беше дека имало недоразбирање околу датумите кога Колман бил баран за контрола. Крис Колман на митингот од Дијамантската лига во Калифорнија истрча 9.81 секунди на 100 метри што е најдобар резултат годинава.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА