Хиршер ја растури конкуренцијата на велеслаломот во Алта Бадија

Австриецот Марсел Хиршер ја потврди доминацијата во велеслалом триумфирајќи со огромна предност пред конкурентите на трката од Алпскиот светски скијачки куп во техничката дисциплина во италијанската Алта Бадија. Овој скијачки центар му „лежи“ на австрискиот скијач со оглед дека ова му е шеста велеслаломска победа во Алта Бадија.

Хиршер водеше и по првата трка, а по второто возење славеше со вкупни 2,53 секунди предност пред Французинот Томас Фанара. Речиси три секунди беше заостанувањето на вториот француски скијач на подиумот, третопласираниот Алекси Пантуро.

За Хиршер ова е 61. победа во кариерата на трките од Светскиот куп, 31. во велеслалом и трета сезонава. Австрецот повторно го презеде врвот во генералниот поредок.

Тој сега има 380 бода, 40 повеќе од Макс Фрнац. Хиршер води и во велеслалом, има 280 бода речиси двојно повеќе од второпласираниот Норвежанец Хенрик Кристоферсен.

 

Се вчитува...