Актуелниот шампион во Светскиот куп, Австриецот Марсел Хиршер, со победа ја отвори новата скијачка сезона триумфирајќи на слаломот што се возеше во финскиот центар Леви.
Хиршер стигна до својата 59. победа во кариерата со време од 1:51.04 минута, по голема битка со Хенрик Кристоферсен. Норвежанецот заостануваше седум стотинки по првата трка, негатива што не успеа да ја надополни во второто возење.
Третото место на денешниот слалом му припадна на олимпискиот вицешампион Андре Мирер од Шведска со 41 стотинка послабо време од победникот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА