Продолжува доминацијата на Австриецот Марсел Хиршер во Светскиот куп во алпско скијање. По вчерашната победа во велеслаломската трка денеска Хиршер победи во Аделбоден и во слаломот.
Австриецот по првата трка беше на третата позиција, но со извонредно возење во втората трка успеа да дојде до триумфот оставајќи ги зад себе Французинот Клемент Ноел и Норвежанецот Хенрик Кристоферсон.
Ова е Хиршер беше 67 победа во Светскиот куп, деветта сезонава, па сега е на само 19 помалку од рекордот на Ингемар Стенмарк.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА