Кошаркарите на Сан Антонио имаа тренинг кој беше веројатно најпосетениот во историјата на НБА тимот досега, само поради еден човек.
Првиот „пик“ од последниот драфт, Виктор Вембањама беше во центарот на вниманието, очигледно хистеријата и еуфоријата околу него не стивнаа во ниту еден момент.
За тоа сведочат сцените од еден од првите тренинзи на тимот, кој одигра спаринг меч пред 13.200 навивачи.
„Навистина ми го го грее срцето кога гледам дека секогаш кога ќе стапнам на теренот ќе биде вака. Сето ова го очекував, но дефинитивно е одлично чувство“, рече Вембањама.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

