Хит на денот: Влаховиќ постигна седум гола за едно полувреме во победата на Фиорентина

Хит на денот во фудбалска Европа е српскиот напаѓач Душан Влаховиќ кој постигна неверојатни седум гола за само едно полувреме во победата на Фиорентина од 11-0.

Тимот од Фиренца славеше против Полиспортива со 11-0 во натпревар кој по првото полувреме заврши со 3-0.

А, во вториот дел беа постигнати уште осум гола од кои седум беа дело на Влаховиќ кој почна да стрела од 46. минута, а заврши во 85. минута.

Се вчитува...