Хит на ЕВРО 2020: Дански навивач носи 12 пива и хот-дог, ниту капка не дозволи да протече (ВИДЕО)

Дански навивач е хит на ЕВРО 2020. Тој нема проблем да се справи со ситуации кога секој се потпира на неговите способности. На Европското првенство имавме можност да видиме многу прослави и забавни моменти, а се разбира во главна улога беше присутната публика. Сепак, се чини дека еден навивач го украде шоуто.

На натпреварот помеѓу Данска и Русија, еден навивач на домашниот тим се најде во центарот на вниманието поради неговото ракување со големи количини пиво. Имено, Данска успеа да ја преживее колективната траума по срцевиот удар на Кристијан Ериксен и покрај сè да се пласира во осминафиналето на турнирот. Таму ќе играат против Велс, до кој стигнаа со победа против Русија.

Токму на овој натпревар еден навивач беше фатен на камера како шета низ трибините, носејќи дури 12 пива одеднаш! Ова видео брзо стана вирално, обожавателот имаше дури и еден хот-дог помеѓу горниот ред на пива, а интересно е што тој не истури капка од овој очигледно вреден пијалок.

Се чинеше како сите да навиваат додека тој одеше внимателно кон своето место, па за многумина ова стана најдобриот потег на ЕП.

 

 

 

Се вчитува...