Хит селфи – Полицаецот кој го уапси Роналдињо се фотографираше со Бразилецот (ФОТО)

Легендарниот бразилски фудбалер Роналдињо беше уапсен во Парагвај откако сакал да влезе во земјата со фалсификуван пасош. Тој нема да може да ја напушти земјата додека не заврши целиот случај, а Роналдињо и брат му се бранат со тоа дека биле измамени.

И додека се чека целата разрешница на случајот, Роналдињо во Асунсион го окупираа голем број членови на тамошното обвинителство како би направиле селфи со него, а истата ситуација ја искористи и еден полицаец.

Како и да заврши целата ситуација факт е дека Роналдињо каде и да отиде е дочекан како божество.

 

Се вчитува...